1021 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 16:01
„Синофарм“, „Синовак Бајонтек“ и „КанСино“. Тоа се трите кинески вакцини кои имаат ветувачки резултати во моменталната фаза на развој. Сепак, јавноста знае малку за нивната делотворност. Податоците за ефикасноста на вакцините од студиите направени во текот на втората и третата истражувачка фаза, јавноста ги дознава буквално само на лажиче. „Синофарм“ беше првата фирма која, на крајот на минатата година, објави официјални податоци.
Ситуацијата е уште помалку транспарентна кога се работи за издавање дозволи за користење на самите вакцини. Онаа на „Синофарм“ веќе ја примиле повеќе од еден милион луѓе, но тоа било во рамки на исражувањата, односно забрзаната постапка за издавање дозволи за „итни случаи“.
Ковид-19 национализам
Дописниците од Кина на некои од водечките германски мдиуми (јавниот сервис ARD и весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“) јавуваат за кампањата во тамошните државни медиуми со која се доведува во прашање ефикасноста и безбедноста на вакцините кои на Запад се одобрени за употреба. Особено се гласни забелешките дека западните медиуми ја премолчуваат опасноста од вакцините против коронавирусот кои ја развиваат „Бајонтек“ и „Фрајзар“. Дури и една позната водителка на државната радио-телевизија се вклучи во дискусија на Твитер. Парадоксално е што и самата Кина набавува одреден контингент од вакцините на „Бајонтек“ и „Фрајзар“ и тоа преку кинеската фирма „Фосун Фарма“.
Постојат повеќе индиции кои упатуваат на тоа дека кинеското државно раководство со оваа кампања во медиумите, всушност само сака да го сврти вниманието од нетранспарентноста на своите кинески производители, можеби и заради тоа што развојот на вакцините во Кина не ги дава очекуваните резултати.
Податоците кои досега се објавени за вакцините од Кина упатуваат на тоа дека се работи за нешто помала ефикасност отколку кај западните конкуренти. Во продолжение ги сумираме поатоците за вакцините „„Made in China", информации за тоа каде тие веќе се користат и што е досега познато за нивната ефикасност.
Синофарм
Се работи за вакцина со „деактивиран“ вирус, оваа фирма го развила во соработка со Институтот за вирусологија од Вухан, односно Институтот за биолошки производи. Овој вид вакцина се користи веќе со децении и во праксата покажала добри резултати, на пример, во борбата против дифтерија, хепатитис Б, детска парализа и тетанус.
Истражувања во трета фаза се спроведени во десет држави во светот, меѓу другите во Бахреин во Обединетите арапски емирати, Перу, Србија, Мароко, Аргентина, Јордан и Пакистан. Една од причините заради кои воопшто се истражува вакцината надвор од Кина е што таму благодарение на строгиот карантин, во текот на летото бројките на заразени од коронавирус значително се намалија, па било многу тешко да се дојде до сигурни и пософржински податоци.
Засега тоа е единствениот кинески производител кој објави официјални податоци за својата вакцина. На 29 декември, 2020 година, „Синаформ“ соопшти дека вакцината е ефикасна во 79 отсто од случаите. Еден ден подоцна, кинеските власти издадоа дозвола за користење на оваа вакцина. Сепак, искуставата од другите држави не нудат единствена слика кога станува збор за ефикасноста на вакцината: експертите во Обединетите арапски емирати во своите истражувања дошле до уште подобар процент на ефикасност – 89 отсто. Властите во Емиратите беа уште побрзи од кинеските во издавањето на дозвола за употеба. Веќе на почетокот на декември вакцината почнала редовно да се користи. На почетокот на оваа година и Србија издаде дозвола за користење на оваа вакцина.
Во Перу, работите се одвиваа помалку успешно. Таму во декември, властите ги стопирале клиничките тестови откако кај една пациентка која ја примила вакцината се појавила парализираност на рацете.
Синовак Бајонтек
И кај оваа која го носи името „КоронаВак“ се работи за вакцина произведена со класично деактивирање на вирусот. Се започнало со тестови уште во текот на летото, меѓу другите земји и во Бразил, Индонезија и Турција. Засега производителот не објавил официјални податоци за ефикасноста, но анализите кои ги спроведувал бразилскиот партнер упатуваат на тоа дека се работи за ефикасност од околу 50 отсто. Индонезиските власти тврдат дека ефикасноста на оваа вакцина изнесува 65 отсто.
Врз основа на тие бројки може да се каже дека кинеската вакцина не е толку ефикасна колку што е mRNA вакцината која е одобрена во Европа и во САД, но според делотворноста сепак ги надминува вакцините, на пример, против грипот, чијашто ефикасност се движи помеѓу 30 и 60 отсто.
КанСино Бајолџикс
Кај вакцината позната како Ad5-nCoV или „Конвидециа“ којашто оваа фирма ја развила во соработка со Институтот за биотехнологија во Пекинг, се работи за тнр. „векторска“ вакцина на база на аденовирус (тип 5). Тоа значи дека еден безопасен „транспортен“ вирус до човечките клетки „пренесува“ одредени протеини на причинителите на SARS-CoV-2 и таму иницира имунолошка реакција. Тој принцип е сличен на начинот на кој функционира вакцината на британско – шведскиот производител АстраЗенека и Унивезитетот Оксфорд.
Истражувања во рамки на трета фаза започнале во Пакистан, Русија, Мексико и Чиле. Планирано е спроведување на тестови и во Саудиска Арабија. Во Канада, пак, биле откажани планираните истражувања затоа што Кина, иако тоа било договорено, не ја испорачала вакцината на својот партнер (Canadian Centre for Vaccinology во Хаифакс). Можната причина за пропаѓањето на соработката е веројатно сè уште нерешениот дипломатски спор помеѓу Кина и Канада – но тоа не го знаеме со сигурност, бидејќи двете страни не сакаат јавно да зборуваат за тоа.
Во Кина, оваа вакцина се користи од јуни, 2020 година, со неа се вакцинирани припадниците на кинеската војска. Производитело сè уште нема објавено податоци за нејзината ефикасност.
Извор: Дојче веле на српски