Без иднина

01.02.2021 11:21

Знаевме да живееме без леб,
во парче леб надевајќи се,
знаевме без слобода да живееме,
во слободата надевајќи се,
знаевме без љубов да живееме,
во љубовта надевајќи се,
знаевме без иднина да живееме,
во иднината надевајќи се.
Надежта
како дишењето
бедни и богати ја наследивме
од колено на колено.
И кога очајувавме,
со очајот ја јакневме само
нашата изгубена надеж.
Сега го доживуваме последното детство
на сите времиња досегашни
и првото детство на новото време,
што го нема,
ниту нашето детство во него.
Сега за првпат сме самите иднина,
наедно и за прв пат без надеж
во иднината.
Ние сме голиот живот
секој во себе се троши
како свеќа.

Ова може и не е среќа
и не е ниту лесно,
да бидеме што сме.
Па, така нека е.

Превод: Матеја Матевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото