Армија либерални богаташи го издржуваат Асанж

16.12.2010 13:19
Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс, кој деновиве треба да излезе од притвор во Британија благодарение на кауцијата која ја собраа неговите поддржувачи, ќе продолжи да биде издржуван од богати донатори.

Гевин МекФеџен, директор на Центарот за истражувачко новинарство во Лондон, кој организираше неколку прес конференции на Асанж, вели дека групата која собира 240 000 фунти за кауција брои околу 20 луѓе, а ги предводи Хенри фон Локарт Смит, поранешен капетан во британската војска, кој престојувал и на просторите на поранешна Југославија.

„Смит ми раскажуваше дека поради огромните умирачки што ги видел во својата воена кариера, вклучувајќи го и вашиот регион, решил да ја остави униформата и првин да стане известувач, а потоа и камерман, снимајќи независни документарци. Од 2003 г. тој е на чело на новинарскиот „Frontline club“ во Лондон, и него го знаат сите новинари во градов. Втора клучна личност меѓу донаторите на Асанж е Сара Сондерс, сопственичка на компанија за кетеринг, а од останатите се истакнуваат милионерката Џемајма Кан, режисерот Кен Лоуч и новинарот Џон Пилџер“, вели Мекфеџен и нагласува дека покрај „фондот за одбрана на Асанж“ постои и друг фонд во кој пристигнуваат мали донации за интернет страницата Викиликс, во износи од пет до најмногу 2000 фунти.

Асанж од своите поддржувачи побара кауцијата од 200 000 фунти и двете гаранции од по 20 000 фунти да ги соберат во готово, не уплаќајќи ги парите преку кредитни картички, во знак на протест против компаниите „Виза“ и „Мастеркард“ кои ги блокираа донациите за Викиликс. На прашањето што ќе биде со Асанж по 11 јануари, кога судот ќе ја донесе одлуката дали да и’ го предаде на Шведска која го сомничи за силување две жени, МекФеџен вели дека тоа сè уште никој не го знае.

„Има многу политички притисоци, најмногу од Шведска и САД, ама засега им е многу тешко да ги докажат обвиненијата против Асанж. Во секој случај, уште долго време тој нема да може да води нормален живот, но тоа и се очекува кога објавувате документи кои не им се по волја на владите и големите корпорации“, објаснува тој.

Дејвид Ли, уредник за истражувачко новинарство во британскиот весник „Guardian“, кој е еден од петте светски весници кои најпрви ги добија дипломатските преписки до кои дојде Викиликс, го потврдува пишувањето на британските медиуми дека зад Асанж стои една вистинска мала армија богаташи.

„Што се однесува до идентитетот на неговите главни финансиери, знам само дека Асанж тврди дека парите ги обезбедува од донации“, вели Ли.

Британските медиуми наведуваат дека меѓу личностите кои собирале пари за кауцијата на Асанж се и еден неименуван државен министер, нобеловец, Бјанка Џегер, ќерката на Мик Џегер, режисерот Мајкл Мур и писателот Тарик Али.

Извор: blic.rs

Зошто „го

Зошто „го издржуваат“? 
Кауција понудиле јавни личности од ОК. Кој друг би понудил?
Финансиските операции на Викиликс ги води германска фондација. А тие најавија  дека до крајот на годината ќе објават финансиски извештаи.

sevo ova me potseka na

sevo ova me potseka na textovite koi gi citav za marks, engels i slicni, koi od dosada ja razvile teorijata za komunizam kako tip na opstestveno ureduvanje?

voskresnuva li komunizmot vo nova varijanta????