Мајката како создавачка

02.02.21 13:15

Во фотографскиот проект „Мајката како создавачка“, тајванската уметница Ени Ванг (Annie Wang) ги прикажува слоевитите и сложени аспекти на мајчинството и со тоа ги критикува стереотипите што ја опкружуваат улогата на мајката.

„Мајчинството е долгорочен процес со сложено ткаење на искуствата“, ја објаснува Ванг својата црно-бела фотографска серија снимана повеќе години - по една фотографија годишно. „Оваа целина и сложеност не можат да бидат изразени само со општо прифатената зашеќерена слика на Мајката и Детето, ниту со некој сличен стереотип.“ Во она што е креативна ода на мајчинството, но и моќна осуда на ограничувањата што општеството ги наметнува како идентитет, Ванг прикажува спој на разни елементи од нејзиниот живот.

Извор: ignant.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Филм / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото