Женскиот ромски бенд „Pretty Loud“ како синоним за слобода и еднаквост

03.02.2021 12:36
Женскиот ромски бенд „Pretty Loud“ како синоним за слобода и еднаквост

Нивната музика е спој на поп и рап звук со традиционална ромска музика, а во своите текстови се бават со проблеми како детски бракови или родовата нерамноправност.


Групата е основана во 2014 година со цел да се бори за слободата на говорот и за правото на избор. „Pretty Loud“ се бори за сите жени на овој свет, не само за Ромките. Се бориме жените да имаат повеќе самодоверба. Сакаме да веруваат во себе и да не се сомневаат дека тоа што го прават не е добро и дека нема да се исплати“, вели Силвиа Синани.

Нивната музика е спој на поп и рап звук со традиционална ромска музика, а песните ги пишуваат и ги пеат на три јазици: ромски, српски и англиски. Во своите текстови се бават со проблеми како детски бракови или родовата нерамноправност.

Овие девојки им пркосат на традиционалните културни и патријархални концепти, се борат за себе и за дrугите жени но и зa целата ромска заедница. Заедно со музиката, тиe навистина прават голем чекор на оштественото поле борејќи се против сите проблеми на маргинализираните и дискриминраните. Тие низ своите текстови зборуваат за старите но и за современите проблеми на жените Ромки: присилни детски бракови, скратено право на образование, семејно и партнерско насилство, како и на севкупната дискриминираност како во заедницата така и во општеството.

Оваа женска музичка група постои веќе седум години, а нивните членки имаат омеѓу 15 и 27 години. Групата „Pretty Loud“ постои благодарение на фондацијата GRUBB. Првиот GRUBB центар е отворен во 2006 година во Ниш, а подоцна и во Белград. Организацијата претежно работи во Србија со ромски деца и со млади луѓе. Долгорочната цел на проектот е Ромките и Ромите да се интегрираат во општеството, да се образуваат, а подоцна и да најдат работа. Вос воите центри во Србија, GRUBB работи со околу 500 ромски деца помалди од 18 години – им обезбедува дополнителна настава од сите училишни предмети, а притоа организира танцови и музички работилници, како и секции за креативно пишување и фотографии.

Извор: DW