1014 hPa
73 %
18 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 04:59
За насмевката на Вислава
кога зборува добар ден
и лека ноќ
и кога ништо не зборува
кога зад мене ја затвора вратата
и ја отвора
по долго патување
и по враќањето
од далечна земја
каде што сум градел песна
за што би жалел
за тишината меѓу нашите лица
и за зборовите кои не се
изговорени
оти она божеското
во човека
и понатаму ги бара
вистинските изрази
за што би жалел
за „целиот живот“
и за уште по нешто
огромно прекрасно
надвор од зборовите
надвор од телото
Превод: П. В.