Аманда Горман - прва поетеса што настапи на американскиот Супербол

08.02.2021 14:43
Аманда Горман - прва поетеса што настапи на американскиот Супербол

22 - годишната афроамериканска поетеса Аманда Горман, која настапи на инаугурацијата на 46-от претседател на Соединетите држави, Џозеф Бајден, учествуваше и во програмата што му претходеше на Суперболот, финалето на професионалната американска рагби лига.

Вчера (8 февруари), во Тампа, Флорида, таа ја изведе песната „Рефренот на капетаните“ што беше оддавање почит на тројца луѓе кои им помогнаа на своите заедници да се справат со пандемијата - едукаторката Тримејн Дејвис, медицинската сестра Сузи Дорнер и поранешниот маринец Џејмс Мартин.

„Денес им оддаваме почит на тројцата капетани за нивните постапки и влијание во време на несигурност и потреба. Го преземаа водството, надминувајќи ги сите очекувања и ограничувања, воздигнувајќи ги вашите заедници и соседи, како водачи, лекари и воспитувачи. Џејмс ги почувствува раните на војувањето, но тој воин сè уште го дели својот дом со сиромашните деца. За време на ковидот, тој  помагаше, пренесувајќи американски фудбал во живо за семејствата и фановите.

Тримејн е едукатор што постојано работи, обезбедувајќи им на учениците од својата заедница лаптопи и технолошки работилници за да неговите ученици ги имаат сите потребни алатки да успеат во животот и на училиште.

Сузи е главна медицинска сестра на интензивна нега во болница во Тампа. Нејзините хроники докажуваат дека дури и во трагедија, надежта е можна. Во пандемијата ги изгуби своите баби и силно се бори да ги спаси животите на другите на бојното поле на одделот за интензивна нега, дефинирајќи што значат хероите на првата линија кои ги ризикуваат своите животи за нас. Дозволете ни да маршираме со овие воини, да јуришаме со овие шампиони и да го пренесуваме повикот на нашите капетани. Да ги славиме со дејствување, со храброст и сочувство, со тоа што ќе постапуваме правилно и праведно. Зашто додека ние денес им оддаваме почит, тие ни оддаваат почит секој ден“, рецитираше Горман.

Таа е првата поетеса во историјата на овој спортски спектакл што настапила на програмата на Супербол. „Поезија на Супербол е потфат за уметноста и за нашата земја, бидејќи тоа значи дека имагинативно промислуваме за поврзувањето меѓу луѓето,  дури и кога се чувствуваме изолирано“, напиша таа на Твитер. 

Горман е првата добитничка на Националната награда за млади поети на САД во 2017 година, а нејзините книги станаа бестселери на онлајн платформите како Амазон по нејзиниот настап на инаугурацијата.

Извор: Associated Press

ОкоБоли главаВицФото