
„Гардероба на закуски“ е проект на фотографката Келси Меклелан (Kelsey McClellan) и уметничката директорка Мишел Мегваер (Michelle Maguire), кои заедно го формираат колективот „Дасти“.
Оваа елегантна фотографската серија е стилизирана со ретро облека во прекрасни бои. Дел од фотографиите во крупен кадар прикажуваат раце кои држат разни видови храна: светло зелен корнет за сладолед, темни остриги, кои совршено се вклопуваат во боите на облеката и како што велат авторките, се композиција слична на зен.
Извор: ignant.com