Хероини од науката

11.02.2021 12:50
Хероини од науката

11 февруари е Меѓународен ден на жените и девојките научнички.

Науката често се смета за поле доминирано од мажи. Според податоците на ОН, помалку од 30% од научните истражувачи во светот се жени. Студиите покажале дека жените се обесхрабрени или го губат интересот, да се вклучуваат во областите наука, технологија, инженерство и математика (STEM) уште од рана возраст.

Но и покрај проблемите со родова дискриминација и недостатокот од признанија во рамки на научната заедница, безброј инспиративни жени во овие полиња направиле историски придонеси во науката и помогнале подобро да се спознае светот околу нас.

Сите знаеме за Марија Кири и за Џејн Гудал, но во оваа прилика ќе наведеме уште девет жени од науката кои сите треба да ги знаат.


Алис Бол (1892-1916)

Американската хемичарка Алис Бол била првата жена и првата Афро-Американка која станала магистрантка на Универзитетот во Хаваи и таа станала првата жена универзитетска професорка по хемија. На само 23 години, Бол развила пионерки третман против лепра – болест која претходно имала мали шанси за опоравување и чии жртви биле протерувани.

Пред нејзиното истражувањето на лепрата, најдобриот достапен третман бил маслото од чалмугра кое било тешко за голтање или нанесување на телото и прегусто за инјектирање. Работејќи како истражувачка асистентка во болницата Калихи во Хаваи, Бол развила лесно инјектабилна форма на маслото што на крајот спасило безброј животни и тоа станало најдобриот третма за лепра до 1940-ите.

Таа за жал починала пред да биде во можност да ги објави резултатите од истражувањето, и претседателот на Универзитетот на Хаваи се обидел да го присвои истражувањето како свое, сѐ додека поранешниот нагледувач на Бол не проговорил јавно дека таа заслужува признание за спасоносната инјекција. Дури во 21 век нејзините достигнувања биле целосно признаени и гувернерот на Хаваи го прогласил 29 февруари за Ден на Алис Бол.


Розалинд Френклин (1920-1958)

Според раскажувањата, британската хемичарка и истражувачка на ДНК Розалинд Френклин знаела дека сакала да биде научничка кога имала 15 години. Тој сон станал реалност кога ѝ била понудена престижна стипендија за Кралскиот колеџ во Лондон, каде станала експертка за рендгенска кристалографија.

Истражувањето на Френклин за прв пат ги демонстрирало основните димензии на нишките на ДНК и покажало дека молекулата има два дела кои се протегаат во спротивни правци. Нејзините податоци биле употребени од Џејмс Вотсон и Френсис Крик за да го финализираат своето истражување на ДНК моделот, и било објавено одделно како помошни податоци покрај истражувачките прилози на Вотсон, Крик и Морис Вилкинс во Nature.

Многумина во научната заедница сметаат дека Френклин требало да ја добие Нобеловата награда заедно со Вотсон, Крик и Морис Вилкинс, кои ја освоиле Нобеловата награда за Физиологија или Медицина „за нивните откритија во врска со молекуларната структура на нуклеински киселини и нивното значење за трансферот на информации во живиот материјал.“ За жал, Френклин починала од рак на јајниците во 1958 година, само четири години пред доделувањето на наградата, иако во тоа време организацијата можела да ја додели наградата и постхумно.


Дороти Хоџкин (1910-1994)

Дороти Хоџкин била британска хемичарка која работела во водечките истражувања на ренденската кристалографија. Во 1964 година, Хоџинс станала првата и единствената британска жена која ја освоила Нобеловата награда за Хемија „за одредување на структурите на важни биохемиски супстанци со помош на рендгенски техники.“

За време на својата кариера таа направила бројни пионерски откритија, вклучително и атомската структура на пеницилинот, структурата на витаминот Б-12 и структурата на инсулинот. Хоџкин исто така со декади ги усовршувала рендгенсите техники, кои ѝ овозможиле да го комплетира иновативното истражување на инсулин и да го унапреди третманот за дијабет.

Таа исто така станала втората жена која го освоила престижниот Орден за заслуги на Обединетото Кралство во 1965.


Грејс Хопер (1906-1992)

Грејс Хопер била компјутерка програмерка која помогнала да се развијат повеќе компјутерски јазици и се смета за една од првите програмерки на модерната компјутерска ера и со тоа го трасирала патот за своите следбеници.

Опремена со магистерска диплома и докторат по математика од Јејл, Хопер имала влијателна кариера во приватниот сектор и во Американската морнарица. Се придружила на Американскиte поморски резерви во 1943 за да помогне со американските воени активности и за време на Втората светска војна работела во претстижна лабораторија каде била одговорна за доверливи калкулации како калибрирање миночистачи, пресметување на досегот на оружје против воздушни летала и проверување на математиката зад создавањето на плутониумската бомба.

Нејзината кариера придонела и за развивање на модерниот компјутерски јазик. Додека Хопер развивала некои од најраните електромеханички комјутери – MARK I и MARK II – расклопила расипан компјутер за да увиди проблемот бил предизвикан од мртов глушец. Таа станала првата личност која компјутерските проблеми ги нарекла „багови“ (bugs – бубачки) во системот.


Барбара Мекклинток (1902-1992)

Американската ботаничарка Барбара Мекклинток била одговорна за повеќе пионерски откритија на полето на генетиката во нејзината децениска кариера на проучување на генетската структура на пченката. Мекклинток проучувала како генетските карактеристики се пренесуваат низ генерациите, на крајот откривајќи дека некои гени може да бидат подвижни.

Во 1940-ите и 1950-ите, истражувањето на Мекклинток открило дека генетските елементи понекогаш се поместуваат на хромозомот и така предизвикуваат активација на блиските гени. Но требало да минат декади за и останатите научници, покрај специјалистите за пченка, да ја разберат и препознаат огромната вредност на нејзиното откритие.

Мекклинток била наградена со Националниот медал за наука во 1971 година и ја освоила Нобеловата награда за Физиологија или Медицина во 1983 „за нејзините откритија на мобилни генетски елементи“, сега наречени транспозони (или скокачни гени).


Лиз Мајтнер (1878-1968)

Австриската физичарка Лиз Мајтнер значајно придонела за развојот на нуклеарната физика. Таа била и првата жена-професорка по физика во Германија.

Работата на Мајтнер на нуклеарна физија била клучна за нејзиниот долгогодишен истражувачки соработник Ото Хан да ја освои Нобеловата награда за хемија, дотолку што многу научници подоцна тврделе дека било нпераведно што нејзиниот придонес не бил еднакво вреднуван од страна на Комитетот за Нобел. Мајтнер исто така се залагала за мирољубива употреба на атомсата енергија и јасно одбила да работи на Проектот Менхетен бидејќи силно се противела на употребата на фисија за креирање атомска бомба.

Денес, повеќе престижни награди за физика се именувани во чест на Мајтнер и дури постои и хемиски елемент, мајтнериум, именуван според неа.


Сали Рајд (1951 – 2012)

Астронаутката на НАСА, Сали Рајд, станала првата американска жена во вселената, служејќи како специјалист на мисијата на вселенскиот шатл Челинџер во 1983. На 32 години таа исто така била најмладата Америкака која ја напуштила земјината атмосфера. (Таа сепак не биал првата жена во вселената – таа титула ја заслужила советската космонаутка Валентина Терешкова.)

По катастрофата на Челинџер во 1986, кога кратко по полетувањето се случила експлозија во која загинале седум стронаути, Рајд била дел од Комисијата која ја испитувала трагедијата. Таа исто така помогнала во истрагата за несреќата на вселенскиот шатл Колумбија во 2003, кога шатлот се распаднал при враќањето назад во атмосферата. Рајд била единствената личност која била член на двете комисии за испитување.

Рајд понатаму имала кариера како јавна службеничка и професорка по физика на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, и во тој период освоила многу награди. Ја основала фондацијата „Сали Рајд Наука“, организација која се стреми да ги инспирира младите луѓе во науката; и напишала неколку книги за нејзиното искуство во вселената, со цел децата да научат повеќе за науката.


Ту Јују (1930 – денес)

Фармацевтската хемичарка Ту Јују која открила нов третман за маларија, спасила илјадници животи. Ту, која проучувала традиционални кинески и растителни лекови, пронашла запис во многу стари медицинки текстови за користење на пелин за третман на треска – симптом на маларија.

Ту и нејзиниот истражувачки тим успеале од пелинот да екстрахираат супстанца која ја спречувала маларијата, под име артемизинин. Таа дури и волонтирала како првиот тест-субјект. Од тоа откритие во 1970-ите, лековите против маларија базирани на супстанцата артемизинин спасиле илјадници животи.

Денес Ту е главна научница на Кинеската академија за традиционални кинески лекови – позиција на која дошла без диплома по медицина, докторат ниту тренинг во странство. Во 2015 ја освоила Нобеловата награда за физиологија или медицина за своето откритие, кое било наречено „можеби најважната фармацевтска новација во изминатиов половина век“ од страна на Фондацијата Ласкер за медицински истражувања.


Мариа Винкелман (1670-1720)

Мариа Винкеламн била пионерка во германската астрономија. Во 1902, станала првата жена која открила нова комета. За жал, нејзиниот сопруг Готфрид Кирч го објавил истражувањето под свое име, и ја објавил јавно како вистинскиот пронаоѓач на кометата дури години подоцна.

Винкелман сепак била широко позната како успешна научничка, и нејзиното истражување и набљудување на сончевите дамки, на Аурора Бореалис и на комети биле високо ценети. Таа исто така презела активна улога во подобрувањето на Берлинската академија на науките, каде нејзниот сопруг служел како главен астроном.

Но, години подоцна Академијата се свртела против неа. Додека работела како асистентка на нејзиниот син во Берлинската обсерваторија, членови на Академијата се жалеле дека презела премногу истакната улога и ја принудиле да се пензионира – така таа ја завршила својата кариера како астроном во 1716, на 46 години.

Извор: CNN

ОкоБоли главаВицФото