Бугарски учебник по историја - „Чернобил“ од пропагандна радијација

12.02.2021 12:39
Бугарски учебник по историја - „Чернобил“ од пропагандна радијација

Ова е лекција од бугарски учебник за 7-клас по историја.

И што ќе дознаат учениците од лекцијата „Царството Бугарија во текот на Втората Светска Војна“?

1) Дека во Втората Светска војна немало нацисти, фашисти и антифашисти (на ниту едно место во лекцијата не се споменуваат зборовите „нацисти“, „фашисти“ и „антифашисти“).

2) Дека бугарските војски, не ја „окупирале“, ниту „администрирале“, туку „управувале“ со Македонија и Беломорието по 19 април 1941, дека биле пресретнати како ослободители, а Борис III бил прогласен за „цар обединител“. Дека во Втората светска војна Бугарија била водена од „стремежот за национално обединување“ и дека било неуспешен „обид за решавање на Бугарското национално прашање“.

3) Дека Бугарија им објавила „симболична војна“ во декември 1941 на САД и Велика Британија, а дека од англо-американските бомбардирања на Софија и 168 населени места биле разрушени над 12000 згради и над 4100 ранети и убиени. Во лекцијата нема никакви податоци за жртви од страна на бугарските и германските војски во војната.

4) Во лекцијата има само една фотографија со војници со објаснување: „Македонски Бугари во Скопје позираат со германски војници за време на операцијата против Југославија во април 1941“. Но, во одредницата во Википедија „World War II in Yugoslav Macedonia“ под истата фотографија стои „Macedonians in Sofia posing with German soldiers before the invasion in Yugoslavia“. На други статии на бугарски стојат следниве описи на истата фотографија: „Македонски българи в София позират с германски военни по време на операцията на силите на Оста срещу Югославия на 13 април 1941 г. На митинга са издигнати плакати възхваляващи Независима Македония и обединението на България с Македония.“

Во статијата на српски „Бугарска у Другом светском рату“ пишува „Македонце у Софију позирају са немачком војском након напада сила Осовине на Југославију у априлу 1941. године. Преко пароле и карте види се да траже Независну Македонску државу“. Е, сега, кој лаже – бугарскиот учебник или статиите во Википедија?

5) Во лекцијата има две страници за спасените бугарски

Евреи во кои Бугарија се претставува како спасителка. Во одделот „хроника“ има информација дека Бугарија потпишала договор за „иселување на најпрво 20 илјади Евреи во германските источни области“, и информација за депортирање на 4058 Евреи од Беломорието и 7144 Евреи од Вардарска Македонија. Нема никаква информација што се случило со депортираните Евреи.

И нашите историски учебници се катастрофални, ама бугарскиов учебник по историја е „Чернобил“ од пропагандна радијација!

Извор