Војна против бесплатните учебници во Србија

12.02.2021 12:54
Војна против бесплатните учебници во Србија


  Фондацијата Алек Кавчиќ на 12 јануари ги објави првите бесплатни ученици за учениците во основните училишта во Србија, што беше причина издавачите кои го покриваа најголемиот дел од пазарот да ја почнат борбата за задржување на досегашниот профит. Таа борба не се стишува, а се води како во медимуите, така и во училштата стигајќи сѐ до Министерството за образование. Се зборува дури и за промена на Законот за учебници.

Иако е сосем природно една фирма да „гризе“ со цел да го задржи својот дел од пазарниот колач, проблемот лежи во тоа што издавачите на учебниците работат во област која е премногу општествено важна за да биде преуштена на принципите на слободниот пазар.

Кога се работи за основното и средното образование во Србија, доказот дека парите тука не би смееле да играат важна улога е забележан во Членот 71 од Уставот на Република Србија, кој гласи:

„Секој има право на образование. Основното образование е обврзно и бесплатно, а средното образование е бесплатно. “

Ако знаеме дека комплетот учебници за основно училиште достигнало цена од 20 000 динари (10 487 денари), јасно е дека учениците тоа право не го остваруваат.

Со појавата на бесплатните учебници тие би можеле да бидат поблиску до овие „мртви букви на хартија“, но веќе е сосем јасно дека издавачите нема така лесно да дозволат да дојде до тоа.

Така, Здружението на издавачите на појавата на првите бесплатни учебници прво реагираше со соопштение дека со нивно преземање од сајтот besplatnabiblioteka.com се крши важечкиот Закон за учебници и Стандардите на квалитет кои вклучуваат стандарди за квалитет на печатот, прилагодување на специјални формати за слепи и слабовидни ученици...

На слична линија беше и министерот за образование Бранко Ружиќ кој во интервју за Nova.rs рече дека моделот на бесплатни учебници на професорот Кавчиќ, иако делува атрактивно, покрева многу прашања, почнувајќи од тоа како да се уреди системот, а да не се нарушат праведните услови на деловно работење и конкуренција, како да не се нарушат авторските права.

Иако додаде дека не застанува на страната на кој било издавач, секако не застана на страна на фондацијата на Кавчиќ, без оглед на тоа што е на чело на Министерството кое ги одобри истите учебници.

Нејасно е како Министерството за обраование можело да одобри учебници ако не се во склад со Законот за учебници. А што се однесува до авторските права, освен тоа што од Фондацијата Кавчиќ тврдат дека никој не е оштетен и дека правата на авторите се јасно дефинирани со договори, досега не сме чуле ниту еден единствен автор да се пожали.

Изгледа дека бесплатните учебници и не се надвор од Законот, па постојат индиции дека издавачите ја промениле тактиката и решаваат да влијаат на промена на самиот закон.

Александар Кавчиќ

„На редовен состанок со издавачите, под точката Разно, поеднични издавачи го покренаа прашањето за измени во Законот, со оглед на тоа дека важечкиот Закон за учебници е усвоен во 2018 година“, изјавено е за Nova.rs од страна на Министерството за образование.

Претставниците на Министерството потоа ги замолиле учесниците на состанокот по писмен пат да се обратат до Министерството и да достават свои предлози за тоа кои членови од Законот, по нивно мислење, е потребно да се менуваат.

И додека од Министерството тврдат дека тоа не значи дека Законот ќе биде менуван, кои законски одредби издавачите би ги менувале засега останува непознато – одговори од нив на тоа прашање досега нема.

Од Министерството порачуваат дека, дури и ако дојде до измена на Законот, тоа нема да биде правено брзоплето. Тоа значи дека до промена не може да се дојде доволно брзо за да влијаат врз следната училишна година.

Она што, меѓутоа, ќе има влијание на тоа кои учебници основците ќе ги користат во текот на следната учебна година е мислењето на предметните наставници или одлуката на директорите на училиштата.

Околу изборот на учебници за одреден предмет, за конкретно училиште, по правило се договараат предметните наставници. Претседателката на Унијата на синдикати на Србија, Јасна Јанковиќ, меѓутоа, напоменува дека тоа така функционира онаму каде наставниците знат што сакаат.

„Но сигурно има училишта каде што одлучува директорот, а директорот е полесно да се придобие на своја страна“, смета Јанковиќ која работи како наставничка по српски јазик во основно училиште.

Тоа е место каде притисокот би можел да има ефект и издавачите тоа го знаат. Во прилог на тоа гооври соопштението кое Здружението на издавачите на почетокот на фебруари го испратија до директорите на основите училишта.

Како што соопштија од Унијата на синдикатите на просветни работници, Здружението на издавачите во таа прилика „ги потсети“ наставниците да ги бираат само оние учебници кои се наоѓаат во Каталогот на одобрените и дека издавачките куќи - членки на Здружението „стојат зад квалитетот на своите изданија“.

Од Унијата на тоа одговараат дека сите учебници кои ги одобрува Министерството претставуваат опција, без оглед на Каталогот, и дека, покрај квалитетот, не смее да се занемари достапноста на учебниците за широкото население ученици, „а несомнено, бесплатните учебници се достапни за сите“.

„Токму полесниот пат до учебници може да претставува сигурен пат кон завршувањето на основното и уписот во средно училиште. Зарем тоа не е цел од најшироко општествено значење?“, наведено е во сооштението на Унијата со потсетување дека во Србија 2% од населението е неписмено, 11% се со непотполно образование, додека 2.68% се без стручна подготовка.

Иако крајот на оваа војна не е на повидок, можеме само да се надеваме дека барем некоја битка ќе биде добиена во корист на оние за кои бесплатните учебници значат описменување или квалитетно образование.

Извор: Nova.rs