Биди џемпер, велеа

12.02.21 13:05

Светското здружение PETA ((Луѓе за етички третман на животните) излезе со нова кампања против убивањето на животните за потребите на модната индустрија. Кампањата ја наменија за Модната недела во Њујорк.

Моќното и потресно видео за оваа кампања го режираше македонскиот режисер Срѓан Јаниќијевиќ, во продукција на агенцијата New Moment од Скопје, продуцент е Филип Димитров, креативни директори се Кристијан Карл и Душан Дракалски, монтажата е на Благоја Торевски, а музиката на Новоградска.

Видеото е инспирирано од „Биди дама, велеа“ со актерката Синтија Никсон, која зборуваше против токсичната машкост. Во видеото на ПЕТА говори Лиза Ланг, заменик претседателка на здружението, која вели дека животните имаат право да не бидат убивани и измачувани заради облека (или што било друго).

Извор: headlines.peta.org

ОкоБоли главаВицФото