Писмо до човекојадците

13.02.2021 21:05

Драги човекојадци
Не го гледајте непријателски
Човекот
Кој прашува за слободно место
Во купе во воз
Разберете
Другите луѓе исто така имаат
Две нозе и задник
Драги човекојадци
Застанете малку
Не ги понижувајте послабите
Не чкрипете со забите
Разберете
Луѓе има многу
ќе ги има уште повеќе
значи раздвојте се малку
Повлечете се
Драги човекојадци
Не купувајте сè
Свеќи, врвки, шпагети
Не зборувајте со грбот свртени:
Јас мене мој мое
Мојот желудник мојата коса
Мојот отпечаток моите панталони
Мојата жена моите деца
Моето мислење
Драги човекојадци
Да не се јадеме едни со други
Може
Оти нема да воскреснеме
Навистина

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото