1029 hPa
93 %
-5 °C
Скопје - Пон, 15.12.2025 02:59
_45.jpg)
Левоориентираната партија „Самоопределување“ е победник на парламентарните избори во Косово. Од партијата на чело со поранешниот активист за човекови права, Албин Курти граѓаните очекуваат темелни промени во земјата.
„Победивме на овие избори. Ова беше референдум за правда и за работа и против окупацијата на државата и корупцијата. Ова е нешто невидено во повоеното Косово“, рече Курти во обраќањето пред приврзаниците.
Изборната победа на „Самоопределување“ според статистиките се смета за историска. Поддршката која ја освои партијата на Курти е со највисок процент во историјата на Косово од периодот по војната.
45-годишниот Курти се вбројува во новата генерација политичари кои притискаат за растурање на старата гарда која доминираше со Косово.
„Нема да се одмаздуваме на никого, но ќе бараме одговорност“, рече Курти, најавувајќи дека дијалогот за нормализација на односите со Србија ќе биде „петтиот или шестиот приоритет на неговата влада“.