Раздвижени сенки

16.02.2021 13:23
Раздвижени сенки

Во својот фотографски проект, етиопскиот фотограф Гирма Берта (Girma Berta) ги документира луѓето од Адис Абеба. Берта, која е самоука, користи комбинација на улична фотографија и графички дизајн за да создаде дела со сликарски квалитет.

Тој минувачите ги фотогрфира со мобилен телефон, потоа ги изолира од нивниот контекст, поставувајќи ги во еднобојна позадина. Овој ефект ги отстранува сите визуелни дистракции од ликовите и фотографиите стануваат колажи. Фигурите на сликите на Берта често работат или одат некаде сами, носат вреќи и снопови.

Делата на Берта  направени со ајфон се дел од револуцијата на дигитална уметност во која моментално учествуваат голем број  африкански уметници.  

Извор: ignant.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото