Поетите

16.02.2021 14:52

Поетите се чудење во светот

По земјата одат тие и нивните очи
големи и неми крај нештата растат

Веднејќи го увото
врз молкот што ги опкружува и мачи
поетите се вечно треперење во светот

 

Превод: Матеја Матевски

Antun Branko Šimić (1898 – 1925) - хрватски поет, есеист критичар и преведувач.

Шимиќ, заедно со Тин Ујевиќ и Мирослав Крлежа, е најистакнатиот хрватски поет на модернизмот, заслужен за популаризацијата на слободниот стих и на новите композициски начела (во есејот „Техника на песната“ од 1923 г.)

Починал од туберкулоза на белите дробови, во дваесет и седмата година, во Загреб.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото