Инженерка од Кенија призведува тули од пластичен отпад

17.02.2021 15:27
Инженерка од Кенија призведува тули од пластичен отпад

Градежната инженерка Нзамби Матеи од Кенија е добитничка на наградата на наградата „The Young Champions of the Earth“ што ОН ги доделува за иновативни одговори на еколошките предизвици.

Таа е основачка на компанијата „Gjenge Makers“ во Најроби која од пластичен отпад произведува евтини и одржливи градежни материјали, најчесто тули.

„Нашиот производ е скоро пет до седум пати поцврст од бетонот. Постои отпад којшто повеќе не може да се обработувт и да се рециклира. Тоа е она што го добиваме како материјал од кој ги изработуваме тулите“, вели Матеи

Пластиката од фабриките за рециклирање амбалажа ја добива бесплатно, но плаќа за материјалите што ги добива од другите рециклирачи. Нејзината фабрика произведува 1.500 тули дневно, направени од мешавина од различни видови пластика.

Пластичните материјали најчесто се полиетиленот со висока густина, што се користи, на пример, за амбалажа на млеко или шампон, полиетиленот со мала густина кој се користи за кеси и полипропиленот  од кој се прават јажиња, различни капаци или кофи.

Но, таа не работи со полиетилен терефталат или ПЕТ, што обично се користи за пластичните шишиња.

Пластичниот отпад се меша со песок, се загрева и потоа се компресира во тули, кои се продаваат по различни цени, во зависност од дебелината и бојата. Нивните вообичаени сиви тули чинат 850 кениски шилинзи (7,70 американски долари) по квадратен метар.

Матеи, која самата ги дизајнирала машините, вели дека нејзината фабрика рециклирала 20 тони отпадна пластика од основањето во 2017 година. Во иднина планира да го прошири производството барем за три пати и да додаде други производствени линии. 

Извор: reuters.com

 

ОкоБоли главаВицФото