Опомена

17.02.2021 21:29

Човеку пази
да не чекориш мал под ѕвездите!

Да не жалиш за ништо
кога со погледот заден
ќе се разделуваш од ѕвездите!

Пушти
по тебе сиот да мине
благата светлост на ѕвездите!

На крајот свој
место во прав
во ѕвездите целиот мини!


Превод: Матеја Матевски

Antun Branko Šimić (1898 – 1925) - хрватски поет, есеист критичар и преведувач.
Шимиќ, заедно со Тин Ујевиќ и Мирослав Крлежа, е најистакнатиот хрватски поет на модернизмот, заслужен за популаризацијата на слободниот стих и на новите композициски начела (во есејот „Техника на песната“ од 1923 г.)
Починал од туберкулоза на белите дробови, во дваесет и седмата година, во Загреб.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото