1011 hPa
67 %

13 °C
Скопје - Саб, 15.03.2025 04:59
Во ниту една земја-членка на Европската Унија сè уште не е постигната потполна полова еднаквост, предупредија неделава пратениците во Европскиот парламент (ЕП) на расправата за предизвиците за иднината на женските права, по повод 25-годишнината од Пекингшката декларација.
Жените и мажите не се рамноправно вклучени во процесот на одлучување на сите нивоа, беше истакнато на расправата која се одржа минатата недела. Следниот ден, европратениците усвоија резолуција која се однесува на оваа проблематика.
Во повеќете европски земји, „во кабинетите на владите, парламентите, јавната администрација, работните групи за Ковид-19 и одборите на компаниите, сè уште не е постигната еднаква распределба на моќта помеѓу мажите и жените“, се истакнува во резолуцијата која ја донесе Европскиот парламент.
Европскиот парламент планираше да ја одбележи 25-годишнината од Пекингшката декларација со случувањата од 2020 година, но активностите беа одложени поради пандемијата со Ковид-19.
Извор: Ал Џазира Балканс