Има ли приватност во време на полициски дронови?

19.02.2021 12:44
Има ли приватност во време на полициски дронови?

Кога полицијата ќе добие повик во градот Чула Виста, во Калифорнија, може да лансира дрон само со притискање на едно копче. Неодамна полицијата испрати летало на другиот крај на градот, на паркингот каде едно момче заспало зад воланот на еден украден автомобил, со прибор за дрога покрај него. Кога тој излегол од автомобилот држејќи во рацете пиштол, а во џебот кеса со хероин, дронот над него го снимил сето тоа.

Гледајќи го преносот во живо, еден полицаец во полициската станица детално им го опишал настанот на своите колеги и сторителот многу брзо бил приведен. Подоцна го пронашле и пиштолот и хероинот. А со уште едно притискање на копчето, дронот самиот се вратил на покривот на зградата на полициската станица.

Полицајците од оваа станица со дронот одговараат на околу 15 повици дневно. Откако пред две години започнала оваа програма, имале повеќе од 4.100 интервенции, односно летови на дронот.

Во Чула Виста, беспилотните летала се веќе составен дел од начинот на кој полицијата реагира на итни случаи. Откако ќе се јави итен повик, полицајците му даваат локација на дронот и тој сам лета до впишаната точка. 

Во последните неколку месеци, три други градови, два во Калифорнија и еден во Џорџија ја започнаа истата програма. Полициските станици од Хаваите до Њујорк веќе со години ги користат дроновите, но најчесто тие биле поедноставни и рачно водени. Полицајците го носеле дронот во службените возила кога тргнувале да истражат некое место на злостроство, го лансирале над непосредната околина а со него влегувале и во згради.

Но последниот новитет на технологијата кој наликува на она што ги движи возилата без возач, има потенцијал да ја трансформира полицијата. Наместо за хеликоптери да троши десетици милиони долари и да обучува пилоти, дури и најмалите полициски станици сега можат да добијат минијатурни дронови кои не се многу скапи. Секој од дроновите што го има полицијата во градот Чула Виста чини околу 35.000 долари.

Но оваа новопронајдена автоматизација сепак отвора прашања за граѓанските слободи, особено сега, кога новите дронови имаат опција автоматски да следат и возила и луѓе.

„Граѓаните треба да постават тешки прашања за овие програми. Како што се шири моќта на оваа технологија, како што сè повеќе нè допира сите, така расте и потребата од заштита на приватноста. Дроновите можат да се користат при истраги на злосторства, но тие се и сензори кои можат да создаваат престапи“, вели Џеј Стенли од Американската унија за граѓански слободи.

Беспилотни летала, на пример, лесно може да се користат за идентификување на луѓе и ограничување на активностите за време на протести, како оние што минатата година беа толку распространети низ целата земја. Капетанот Редмонд вели дека полицијата во Чула Виста не распоредувала беспилотни летала за да ги следи протестите на „Black Lives Matter“ затоа што правилата го забрануваат тоа.

„Пандемијата не се повлекува, а дроновите во периодот од појавувањето на пандемијата се добар начи да се заврши полициската работа со физичка дистанца“, вели Раул Сиду, полицаец од Редондо бич во Калифорнија.

Ако породложи ова, кога овие хеликоптери без пилоти ќе станат поевтини и помоќни, многу ќе ја олеснат работата на полицијата во урбаните делови на градовите.

„Skydio“, компанија од Силициумската долина веќе подолго време во својата понуда има и дронови што можат да ве следат дури и ако не се движите во правилна линија, или ако ако се движите помеѓу дрвја. Своите производи компанијата им ги нуди првенствено на полицијата но и на други компании.

„Shield AI“, стартап фирма од Сан Диего развила дрон кој може да влета во зграда и самиот да ги измери ширината и должината на ходниците, прозорците и просториите. На ова летало не му треба пилот и сè може да направи во услови на целосна темнина. И некои други фирми како кинеската компанија „DJI“, која ги направила дроновите во Чула Виста, развиваат слични технологии.

Луѓето се загрижени за приватноста, како што вели Стенли од Унијата за граѓански слободи, тие стравуваат дека сè помоќната технологија ќе таргетира делови на една заедница или ќе ги пречекори своите овластувања.

Полицајци од станицата во Чула Виста

Извор: The New York Times

ОкоБоли главаВицФото