Роверот на НАСА „Perservence“ слета на Марс

19.02.2021 14:06
Роверот на НАСА „Perservence“ слета на Марс

Роверот на американската вселенска агенција НАСА „Perservence“ (упорност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер.

Со тоа и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на планетата.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА во близина на Лос Анџелес се надеваат дека првата фотографија од Марс ќе ја добијат уште вечерва.

Кратерот „Езеро“, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.

 Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото