Почина Ѓорѓе Балашевиќ

19.02.2021 18:14
Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Ѓорѓе Балашевиќ, популарниот српски кантавтор чии песни се евергрин хитови на ексјугословенските простори, почина денеска во Нови Сад, откако пред една недела бил примен на Инфективната клиника поради воспаление на белите дробови како последица на Kовид-19. Почина три месеци пред да наполни 68 години.

Познат по прекарот Панонски морнар, според неговата популарна песна, Балашевиќ кариерата ја почна со групата „Жетва“ и хитот „Во патецот те бакнувам (У раздељак те љубим), продолжи со „Рани мраз“, а 1982 почна соло кариера и стана еден од најпопуларните кантавтори во поранешна Југославија. Автор е на 12 студиски албуми и два снимени во живо. Меѓу хитовите се и „Моја прва љубов“ (Моја прва љубав), „Сметајте на нас“ („Рачунајте на нас“), „Прости ми Катрин“ (Опрости ми Катрин), „Приказна за Васа Ладачки“ (Прича о Васи Ладачком), „Животот е море” (Живот је море).

Легендарна беше и неговата љубовна приказна со сопругата Оља со која беа во брак над 35 години и имаат три деца. Во 2019 имаше срцев удар откако му се слоши на концерт во Крагујевац по што му беа вградени стентови.

Балашевиќ играше и во неколку ТВ серии, а беше автор и на филмска и ТВ музика.

 

Слични содржини

Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото