Бесплатна книга за Гагарин

22.02.2021 13:28
Бесплатна книга за Гагарин

Порталот Арно.мк секој месец на своите читатели им подарува по една едукативна онлајн книга од областа на науката, екологијата, уметноста, културата итн. Овој месец тоа е книгата „Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“, во која се пренесени факти од животот на космонаутот Јуриј Гагарин.

„Тој се истакнува не само како првиот човек во вселената, туку и како човек кој ги сакал подвизите на човештвото и живеел сонувајќи за свет во кој владее мир и напредок, љубов и братство. Тој ја вдишувал сегашноста со полн здив и ја издишувал иднината, во секој миг исчекувајќи нешто големо и неповторливо. Себеси се сметал за обичен човек и честопати истакнувал дека неговите подвизи можел да ги направи секој.“, пишува во најавата за книгата.

Книгата „Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“ може да се превземе тука. Дел од илустрациите се на Нина Прља.

Арно.мк за своите читатели ги подготвија и книгите „25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш“ и „Мустаќлии кои го смениле светот“.

Извор: Арно.мк

ОкоБоли главаВицФото