Исцелителски игралишта

22.02.21 13:38

Уметникот Виктор Соломон (Victor Solomon) ги крпи пукнатините на кошаркарското игралиште во Лос Анџелес со златна смола за да ја нагласи улогата што спортот може да ја има во нашиот колективен процес на заздравување.

Уметничкото дело во јавен простор црпи инспирација од стариот јапонски занает Кинцуги, што значи „златна столарија“, или поправка на искршена керамика со лак помешан со благородни метали во прав со цел пукнатината да се нагласи, наместо да се сокрие.

Се вљубив во естетиката и симболиката на процесот на кинцуги и оваа идеја за славење на несовршеностите“, вели Соломон.

„И со тешкиот почеток на оваа година и нашата поларизирана култура, помислив дека би било поетично да се покаже дека заздравувањето е можно преку платформа што сите нè обединува“, додава авторот. Завршувањето на проектот со кинцуги кошаркарските игралишта се совпаѓа со враќањето на сезоната на НБА лигата која беше прекината на почетокот на март, истиот ден кога СЗО прогласи пандамија на коронавирусот.

Извор: dezeen.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото