Видение

24.02.2021 20:18

Ми рече главата на предокот што ја чувам во мусандра
- излези низ вратата на датумов
на провевот време.

Излегов низ вратата на датумот
и низ многу други врати дати.
И видов -

Секира го урна небото што падна тапо
како згниен таван
и ѕвездите се разбегаа како глувци.

Луѓе-риби и луѓе-што-летаат
бегаа назад кон јајцето и пак се раѓаа
неколкуноги и многуокати.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото