Лоренс Ферлингети - поетот кој ги отвори вратите за бит генерацијата

25.02.2021 14:17
Лоренс Ферлингети - поетот кој ги отвори вратите за бит генерацијата


  Лоренс Ферлингети, поет, уметник, активист и основач на славната кнжарница City Lights Bookstore во Сан Франциско почина на 101 година. Дополнително на политичката посветеност со која ги спојуваше анархизмот и екологијата, имаше инстинктивно чувство за бизнис, базирано на принципот „малото е убаво“. City Lights, започнато во партнерство со уредникот Питер Мартин во раните педесетти, е сѐ уште помеѓу најпријатните продавници, која ги кани посетителите: „Земи книга, седни и читај“.

Ферлингети не сакал да споделува лични информации со јавноста. „Кога имам некако биографски прашалник за одговарање, секогаш измислувам нешто“, рекол еднаш. Различни извори даваат различни датуи на раѓање, и еден објавен прилог вели дека својата докторска дисертација ја напишал на тема местото на писоарот во француската книжевност. Многу години го наведувал своето куче, Хомер, како „одговорен за односи со јавност“ во City Lights. Поетот велел дека Хомер Ферлингети редовно примал пошта, но дека неговата кариера во односи со јавност влегула во застој кога уринирал врз нозете на полицаец. Поради ова, бил обесмртен во песната „Куче“.

Можеби фактите му предизвикувале нелагодност на Ферлингети. Неговото крстено име било Лоренс Монсанто Ферлинг , и бил роден во Јонкерс, Њујорк. Неговите родители не можеле да се грижат за него, (некогаш велел дека татко му починал пред неговото раѓање, некогаш после), и бил спасен од тетка му, Емили Монсанто, со која се преселиле во Франција првите шест години. Кога се вратиле во САД, Емили била вработена како гувернанта кај семејство со име Лоренс, едни од основачите на Лоренс Колеџот. „Потоа ме остави таму“ рекол Ферлингети за интервју во 1978, „Едноставно исчезна еден ден и тоа семејство ме израсна.“

Ферлингети имал квалитетно бразование. Во раните 1940-ти го посетувал Универзтитетот во Северна Каролина, каде еден професор го запознал со користењето на говориот јазик во поезијата. Тоа за него било откровение: сфатил дека не морал да звучи како Т.С. Елиот за да напише песна.

Откако службата во морнарицата го вратила во Европа, Ферлингети се запишал на Сорбона, каде учел француска книжевност во слободно време преведувајќи поети и романописци. Еден ден во ресторан забележал дека на чаршафот имало напишано песна, потпишана со „Жак Превер“. Го зел чаршафот со себе, и неколку години подоцна ги превел песните на Превер, подоцна објавувајќи ги во неговата издавачка куќа, City Lights Books.

Ферлингети чита придружен од џез бенд, во 1957

Во Њујорк во 1946, Ферлингети одел на Универзитетот Колумбија, каде подготвува дисертација за Рускин и Тарнер. За малку ги пропуштил Ален Гинсберг и Џек Керуак на унверзитетот од кои едниот бил исфрлен (Гинсберг) другиот се отпишал (Керуак). Ферлингети се здружил со битниците дури осум години подоцна, во Сан Франциско.
Кога повторно се вратил во Париз кон крајот на 1940-тите, се запознал со Џорџ Витман, сопственик на книжарница за англиски книги спроти Нотр Дам, Le Mistral (сега Shakespeare and Company). Ферлингети гледал на Витман како на свој пример кога го отворил City Lights Bookstore во 1953. Ферлингети својата книжарница ја водел повеќе како јавна услуга отколку за профит.

Две години откако го започнал City Lights објавил сопствена збирка песни, Pictures of the Gone World, како прва во серијата Pocket Poets, која сѐ уште се објавува и денес. Во оваа фаза се навратил на своето семејно име, Ферлингети. Слените две такви книгички биле од Кенет Рексрот и Кенет Пачен, но четвртиот бил оној кој го осигурал успехот на листата. А за тоа, како што истакнува Ферлингети, била заслужна полициската станица во Сан Франциско.

Се работело за книгата Howl and Other Poems од Гинсберг. Ферлингети го чул како чита своја песна на еден настан во октомври 1955. Откако се вратил дома, му пратил на поетот порака која свесно алудирала на слевното писмо од Ралф Волдо Емерсон до Волт Витман откако Емерсон ја прочитал Leaves of Grass. „Те поздравувам на почетокот од твојата голема кариера“, додавајќи „Кога ќе го добијам ракописот?“

Книгата била издадена следната година, во тираж од 1000 примероци - но после неуспешен обид на полицијата да отвори процес против издавачот за ширење непристојни материјали, побарувачката станала огромна. Ферлингети се шегувал дека полицијата „го преземала рекламирањето и завршила мног подобра работа“. Howl останува темелот на издавачкиот успех на City Lights и имал повеќе од 50 реизданија.

Поезијата на самиот Ферлингети е пркосна, убедлива и опуштена, некогаш и претерано. Неговите идоли биле Витман и Вилијам Карлос Вилијамс. Заедно со Рексрот учестувале во бројни поетски и џез настани и двајцата заедно издале плоча.

Ферлингети (лево) и Гинсберг (десно)
Дополнително на неговите бројни поетски збирки, вклучително и A Coney Island of the Mind (1958), The Secret Meaning of Things (1969) и Endless Life (1981), Ферлингети напишал и два романи: Love in the Days of Rage (1988), кој се одвива за време на студентските протести во 1968 и Her (1960), поекспериментално дело.

На едно од неговите прекуокеански патувања, ја сретнал Селден Кирби-Смит (попозната како Кирби) со која влегле во брак во 1951 и имале две деца, Џули и Лоренцо, но се развеле во 1976.

Ферлингети имал голем интерес и во сликарство, и во 1990 Униерзитетот во Калифорнија направил ретроспектива на неговите слики. Во многу песни споменува имиња на сликари, или внесува интермедијални елементи, како во Short Story in a Painting of Gustav Klimt или Returning to Paris with Pissarro.

Ферлингети изразувал разочараност во писателите од Бит-генарацијата поради нивниот неструктуриран пристап кон политиката. Решил да патува во Куба за самиот да го види режимот на Кастро и подоцна го напишал делото One Thousand Words for Fidel Castro. Во 2012 одбил награда од Унгарскиот Пен клуб, како протест кон политиките на премиерот Виктор Орбан,

City Light, која е отворена до полноќ седум дена неделно, бил начинот на Ферлингети да го шири духот на отпорот, мирно, низ улиците на Сан Франциско. Со Питерс го напишале Книжевниот водич за Сан Франциско во 1980, а во 1988 бил заслужен за преименување на 10 улици според писатели поврзани со градот. Во 1994 тој добил слична чест, кога за прв пат градска улица била имеувана според жив писател.

Ферлингети ја чита својата песна The Worlds Is a Beautiful Place

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото