Како да загризат во проблемот кога тој одамна ги голтнал? (афоризми)

26.02.2021 11:23
Како да загризат во проблемот кога тој одамна ги голтнал? (афоризми)

Кој ќе ја снесе одговорноста?


Тој е на коњ, никој не го јава.


Како да загризат во проблемот кога тој одамна ги голтнал?


Колку и да е долг јазикот не ги засукува ракавите.


Работната атмосфера на многу состаноци е загадена со ветер во магла.


Најдобро се видовме кога ни се стемни.


Тамам животот ми легна - се стемни.

Самоубиство: кој џелатот а кој жртвата?


Убавите слики први одат во рамка.


За овенчаните со слава ниту една причина не е доволна за развод.


За жетвата на ловорики никогаш нема проблеми со механизацијата.


Многу наградени за кусо време стануваат нагрдени.


Далеку се стигнува само кога се тргнува од себе.


Вистинскиот сатиричар во своите игли го вденува сопствениот живот.


Слики: Francesco Ciccolella


 

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото