
Сè што живее и двапати расне
се пали а потем повторно гасне
Јазикот го имам како корен како бела птица
а имам само една болка и две лица
Во ширина ширно море О море
Врз времето камен стрм и сон во мали сништа и болен
Даб и лузна носам река црвена и бела
Останувам сам и сам во себе стрелам
Врз сè што имам и сè што живо расне
Двапати да се запали да не гасне.