Светот потклекнува пред новите мутации

02.03.2021 12:28
Светот потклекнува пред новите мутации

Лекарите и медицинските сестри во една јужноафриканска болница, на своите одделенија забележале чуден скок на бројот на заразени со Ковид-19. Владата веќе ги олабавила мерките на карантинот, а пролетта донесе нови собирања и прослави. Бројките на новозаразени растеле необјасниво брзо и набрзо се појавило вознемирувачкото прашање.

„Дали постои нов сој?“, пишувало во групниот мејл кој еден од раководителите на болницата го испратил до вработените и со тоа ја отворил можноста вирусот да развил опасна мутација. Тоа прашање покрена генетско истражување од висок профил, кое започнало во Дурбан, во Јужноафриканската Република, а за научниците во Велика Британија ова беше предупредување кое сега се прошири низ целиот свет.

Научниците открија загрижувачки нови варијанти на вирусот кои доведоа до затворање на границите, карантин и воведување на полициски час, но и го згаснаа и она малку ентузијазам што го донесоа вакцините.

Бројот на новозаразени и хоспитализирани во Велика Британија порасна откако во оваа земја беше пронајдена нова варијанта на вирусот, позаразна од претходните облици. Според една анализа, мутираниот вирус е одговорен за 60 отсто од новите случаи во Лондон и околните подрачја.

Коронавирусот еволуира додека се шири низ светот што е и очекувано од секој вирус. Меѓутоа, стручњаците се затекнати од брзината со која никнуваат новите соеви; се заострува трката против агресивниот и непредвидлив непријател. Новата варијанта на вирусот од Британија е пронајденоа во над 45 држави, од Сингапур, преку Оман до Јамајка.

Многу време пред да почне пандемијата, експертите за јавно здравје повикуваа на рутински генетски надзор на епидемиите, но наспроти долгогодишните предупредување, голем број држави спровеле само дел од испитувањата на геномите неопходни за утврдување на преваленцијата на мутациите на вирусот.

Целиот свет е заглавен во кампањата за вакцинација, а бројот на заразени достигнува пикови што ги надминуваа оние од минатата пролет и затоа научниците ја истакнуваат итната потреба да се имунизираат што е можно повеќе луѓе пред вирусот да еволуира до точка во која вакцината веќе нема да има никаква моќ.

„Ова е трка против времето“, вели Марион Купманс, вирусолог од Холандија и членка на работната група на Светската здравствена организација за адаптации на коронавирусот. Самата вакцина нема да биде доволна за да се биде чекор пред коронавирусот: ќе бидат потребни години да се имунизираат доволен број луѓе за да се сопре неговата еволуција. Во меѓувреме социјална дистанца, носење маски и миење на рацете во комбинација со агресивно тестирање, следење на состојбите и надзор ќе можат да купат време и да ни помогнат да ги одбегнеме разорните скокови на бројот на хоспитализирани и починати. Овие стратегии и натаму би можеле да бида клучни за успешна борба против вирусот, наведуваат експертите.

За новите соеви на вирусот сè уште не се знаат многу работи, па дури ни колку моментално има такви кои брзо се шират. Научниците забрзано работат на секвенцирање за да го откријат одговорот на ова прашање, но само неколку држави се посветени на оваа задача.

Рапидното ширење на новите соеви е потсетник на науспесите и погрешните чекори на големите држави на време да го зауздаат вирусот. Како што Кинa, минатата година, не ги спречи туристите да го прошират вирусот. Сега Британија не реагира доволно брзо во спречувањето на ширењетo на новиот сој. Британија дури и го спушти гардот за време на празниците, наспроти растот на бројот на потврдени случаи за кои сега е познато дека се поврзани со новиот сој. А токму како што Кина на почетокот на пандемијата беше означена како ширач на пандемијата, сега Британија ја има таа несреќа да ја нарекуваат „Остров на чумата“.

Ширењето на британскиот сој ги направи ранливи и некои држави кои би се рекло беа на работ на научен спас. Израел започна извонредно успешна кампања на вакцинација, но мерките на карантин неодамна се заострени бидејќи неодамна биле утврдени случаи на новиот сој на вирусот.

Варијантата на вирусот откриена во Британија има 23 мутации кои се разликуваат од претходно познатата верзија на вирусот од Вухан во Кина, вклучувајќи една или повеќе варијанти кои овој вирус го чинат уште позаразен и најмалку една која во одредена мерка ја намалува потентноста на вакцината.

Карл Т. Бергстом, еволутивен биолог од Вашнгтонскиот Универзитетот во Сиетл, бил изненаден, исто како и неговите колеги, од појавата на сојот кој полесно се пренесува со оглед на тоа што коронавирусот веќе бил доволно адаптиран во инфицирањето на луѓето.

Сепак, други експерти предупредуваа дека е прашање на време кога вирусот ќе стане уште поопасен непријател. „Во секоја ситуација што ја испитувавме, вирусот преминува во друг вид и со време станува уште позаразен“, вели Ендру Рид, еволутивен микробиолог од Универзитетот во Пенсилванија.

Колку подолго вирусот се шири помеѓу оние што се не се заштитени со вакцина, толку побрзо ќе се развијат повеќе мутации кои би можеле да ја поништат ефикасноста на вакцината. Затоа целото внимание беше свртено кон работната група на СЗО која на 4 декември ја посети во Јужнафриканската република за да ги разгледа податоците за циркулирање на нов сој во Јужана Африка.

„Следното прашање кое автоматски се наметнува е дали вакцината може да нè заштити ако добиеме вирус со овие мутации?“, рече др. Марион Купманс, која исто така присуствуваше на состанокот во декември.

Засега се чини дека одговорот на ова прашање е потврден, смета Џеси Блум, еволутивен биолог од центарот за истражување на рак „Фред Хачинсон“ во Сиетл. Со неа се согласува и доктор Купманс.

Соевите кои се појавија во Јужна Африка и Бразил би можеле особено да ја загрозат масовната имунизација затоа што и двата соја содржат мутација за која се верува дека ја намалува ефикасноста на вакцината. (На 25 јануари, Модерна и Фајзер –БИОН ТЕК наведоа дека нивните вакцини иако се ефикасни, нудат помала заштита од јужноафриканскиот сој. Модерна започна со развој на вакцина која би можела да биде некој вид додаток против споменатата мутација).

Експертите за јавно здравје препорачуваат брз генетски надзор за да се воспостави конторла врз непредвидливиот вирус. „Пораката е многу јасна дека ова е начинот на која треба да се извршува надзор“, вели др. Јозеп М. Јанса, епидемиолог од Европскиот центар за превенција и контрола на болеста. Како што Ковид-19 ги разоткри слабостите на плановите за пандемија, ловот на новите соеви ги соголува дупките во надзорот.

Британија има еден од најагресивните режими на надзор кој подразбира анализирање на 10 отсто од примероците кои излегле позитивни на тестирањето, но има малку држави со толку ефикасен систем. Соединетите држави секвенцираат помалку од 1 отсто на позитивните примероци, а другите држави не можат да си ја дозволат опремата.

Малку се знае и за соевите кои кружат во Бразил. „Едноставно за нив ништо не знаеме затоа што никој не секвенцира ниту споделува податоци“, истакнува др Нуно Фарија од Универзитетот Оксфорд. „Надзорот на геномите е скапа работа“.

Извор: The New York Times