1039 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 22:59
Активистите од инивијативата „Арт Тетово“ поставија инсталација на кејот на реката Пена за да го изразат својот револт поради недостатокот на велосипедски патеки во градот.
„Велосипедот е најдобро превозно средство, но истовремено е и ризично особено кога во градот нема велосипедска патека. Таков е и градот на Тетово“, велат од иницијативата.
Акцијата е наречена „Ми треба мојот простор“.
Ова е последна од акциите кои во континуитет ги прават „Арт Тетово“. Предходно тие организираа акција во која ги цртаа уличните дупки низ градот за да го свртат вниманието на надлежните на овој проблем, а преку „волшебен тепих“ алармираа и за тешкотиите со кои се соочуваат лицата со попреченост при нивниот физички пристап до градските институции.