1009 hPa
44 %
25 °C
Скопје - Пон, 17.08.2026 21:59
Од дамнина мене црн ме чека
Таа луда, таа црна река
Протечи, реков, од моето тело
Во езеро црно од крв и од чело
Брегот кај што гори, сонце кај што нема
Сè од мене кини, сè од мене земај
И цвеќето од гласот - цвеќето што цвета
И птицата од зборот - тој пламен што лета
Назад не се враќај, назад не се врти
Реко од два збора и од седум смрти.