Обединет Балкан за чист воздух: Загадувањето предизвикува низок наталитет

04.03.2021 11:58
Обединет Балкан за чист воздух: Загадувањето предизвикува низок наталитет

Иницијативата „Обединет Балкан за чист воздух“ бара итно решение за хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги гуши земјите од Западен Балкан. Исклучувањето на јагленот од производството на електрична енергија според нив е најбитната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Тие ги повикаа граѓаните на земјите од Западен Балкан да се приклучат на нивната борба и заедно да го подобрат квалитетот на воздухот, истовремено справувајќи се со неплодноста и подобрувајќи го здравјето на децата.

„Неплодноста и ниската стапка на наталитет се важни фактори за падот на населението во земјите од западен Балкан, а за жал, и двете стапки постојано се загрозени. Научните истражувања потврдија дека случаите на спонтани абортуси и мртвородени деца значително се зголемуваат за време на периоди на изложеност на загадување на воздухот. Студија од 2010 година фокусирана на градот Лабин, Хрватска, покажува дека случаите на спонтани абортуси и мртвородени деца во градот биле значително поголеми за време на периоди на изложеност на загадување на воздухот од блиската централа на јаглен, во споредба со периодите без такво изложување. Соединенијата на сулфат кои се создаваат во процесот на согорување на јаглен од таа централа, го зголемуваат ризикот од спонтан абортус и до 13%, додека изложеноста на ПМ 2.5 и ПМ 10 ги намалува стапките на зачнување“, се вели во нивната реакција.

Покрај ова, бараат капацитетите на дијагностичките центри да се подигнат и да се спроведат заеднички студии со користење на мониторинг и мерење на податоци за последиците од загадувањето на воздухот во форма на неплодност, предвремено породување, појава на болести и смрт кај новороденчиња во земјите од Западен Балкан.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ предлага замена на апаратите за греење и готвење во домаќинствата со еколошки почисти решенија, соларни панели на покривите на куќите и зградите и проекти насочени кон подобрување на енергетската ефикасност, исто така, може да имаат важна улога.

„Соодветните институции треба да развијат политики за промовирање на здрава бременост, со цел да ги едуцираат жените и мажите за опасноснитет од загадување за време на бременоста, и да ги опремат идните мајки за да се заштитат себе си и својот фетусот. Треба да се обезбеди високо ефикасно филтрирање на воздухот во јавните затворените простории и граѓаните треба да бидат навремено информирани за загадувањето на воздухот со цел да се избегнат активности на отворено за време на периоди со слаб квалитет на воздухот“, сметаат тие.

Една од мерките за ублажување на штетните ефекти на загадувањето на воздухот, е да се намали употребата на пластика за еднократна употреба, особено пакување што не се рециклира, додаваат од кампањата. Друга мерка што ја предлагаат е да се заменат синтетичките влакна со природни влакна. Преку ова, велат тие, се спречува емисија и голтање на микро и нанопластика. Како за пример, само еден циклус на машина за перење со синтетички алишта ослободува повеќе од 700.000 влакна.

 

ОкоБоли главаВицФото