Нов мурал на Бенкси - „Создадете излез“

05.03.2021 11:50
Нов мурал на Бенкси - „Создадете излез“

Светски познатиот уметник Бенкси преку ново дело даде поддршка на кампања за претворање на поранешен затвор во културен центар, во градот Рединг, Велика Британија.

Бенкси потврди дека стои зад муралот на кој е прикажан затвореник како бега од затворот со јаже направено од хартија што излегува од машина за пишување. Делото насловено „Создади излез“ (Create Escape) е нацртано на ѕидот од поранешниот затвор во градот, познат по тоа што во него две години поминал и славниот писател Оскар Вајлд во 1890-тите години.

Затворот престанал да работи во 2013 година, а активистите сакаат тој да биде претворен во културен центар. Британското министерство за правда, во чија сопственост е објектот, најави дека одлуката за тоа ќе ја донесе на  средината на овој месец. Во кампањата за културниот центар се вклучени и познатите британски актери Џуди Денч, Кенет Брана и Стефан Фрај. 

Извор: euronews.com

 

ОкоБоли главаВицФото