„Курати жени“

08.03.2021 11:10
„Курати жени“

Мојот пријател Владимир Бороевиќ, познатиот сликар, карикатурист и дизајнер со херцеговско потекло, многупати ми има раскажувано за бабите Личанки од неговото детство кога одел нагости во Херцеговина, за време на летните и, особено, на зимските одмори. Ја обожавам неговата приказна за пијаните баби Личанки како на полноќ се тетерават низ снегот во планинската забит со живи петли во рацете. Па петлите им бегаат низ снегот, па бабите ги бркаат и сето тоа... на бела позадина од снег и од неговиот сетен македонски на којшто ми раскажува, чекајќи да дофрлам само еден единствен српски збор, па да продолжи на јазикот на своето детство и да триумфира со изразот „курати жени“.

Секогаш тоа го изговара со интонација на краен респект, совршен комплимент за таквите жени, курати, семоќни, на кои маж не им е потребен (речиси) за ниедна работа, дури ни за произведување и трошење на домашниот алкохол!

(Не) знам зошто се сетив на ова токму денес, на Осми март. Нека ни е среќен на сите.

Слика: Aleksandra Waliszewska

 

ОкоБоли главаВицФото