8 Март не е ден на мајките

08.03.2021 12:47

8 Март не е ден на мајките. 8 Март не е ден само на оние жени кои ја испишале својата животна бајка врз темелите на среќни семејства. Денес е ден на самохраните мајки, на слободните жени, на оние кои ги нарекувате стари моми, на вдовиците, на лезбејките. Оние жени кои ќе ви го покажат вистинското лице на митот за „жените кои се реализирале успешно и на приватен и на професионален план“. Оние самохрани мајки кои со денови молат низ фејсбук групи за врски за да ги запишат своите деца во градинка како би можеле да почнат да си бараат вработување. Оние кои ги гледате или со сожалување небаре се фалични, или со гадење небаре се чудовишта. Оние кои ги натоваривте со срам и себепрезир. Слушнете ги, барем денес, нив наместо успешните челични дами. Барем денес.

Ирена Цветковиќ, Окно, 08.03.18.