1028 hPa
86 %
-1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 04:59
Пет мајмунчиња, крај река,
Во џунгла, прават игранка:
Дремливиот крокодил
го закачкаат од гранка.
Се нишкаат на сите страни,
кое каде ќе се најде:
„Чичко крокодил,
Гризни нè, ајде!
Пет мајмунчиња,
слободни во природата,
Како гимнастичарчиња
Летаат над водата.
Се нишкаат долу,
се нишкаат горе:
„Чичко крокодил,
дал си гладен, морè?“
Четири мајмунчиња,
воопшто не е смешно,
стуткани на гранка,
плачат неутешно.
Плачат до мракот,
Без чувство друго:
„Гаден крокодилу,
Братот врати ни го!“
Препев: П. В.