Биотехнологија

09.03.2021 13:23
Биотехнологија

Биотехнологија е начин живото тело да си создаде вештачко тело. Западниот субјект денес може да биде лекар на своето тело (Andrieu,1999). Тој веќе не сака да биде обичен пациент, туку посредник во своето лекување. Здравјето веќе не се доживува природно како прифаќање на судбината со фатален исход, како нужно развивање на погубен детерминизам што би можел да се оттргне од контрола.

Здравствената норма стана спротивна на почитувањето на природната виталност на организмот. Тоа повлекување пред природниот детерминизам е исто со културното отфрлање на фатализмот и со создавањето уверување дека здравјето е обновливо со помош на биотехнологијата.

Тоа уверување не е илузија, измама, како што уште во 1972 година истакнувале Д. Делел и Ф. Гери, туку „...’природен’ проблем на преживувањето станува проблем на живото внатре во продуктивното тело“ (D. Deleule, F. Guery, 1972, стр.102). Субјектот го користи живото тело не за да се репродуцира, туку да се продуцира и за во природата да произведува нови видови и единки. Со рекомбинирањето живото тело станува натприродно и на него се забележуваат нови содржини и облици на здрав живот, прилагодени на желбите на човечкиот субјект.

На тој начин човечкиот организам веќе не е подложен на природната селекција; станувајќи субјект, благодарение на биотехнолошкиот изум, природната селекција ја заменил со културен дизајн на телото. Животот–субјект (Le Blanc, 2002) ја обновува смислата на органската материја која веќе не се смета за трансцедентална; борбата да се создаде помалку или повеќе совршена биосфера ја заменува основната природа со природно опкружување. Телото веќе не се почитува само заради неговиот природен облик.

М. Фуко ни укажува колку „bios престанал да биде предмет на tekhnè за да стане корелат на еден одраз, едно искуство, една вежба (2001, стр. 466), што е предизвик за западната филозофија. Меѓутоа, обликувајќи ги контурите на телото по себе, современиот субјект би сакал да втемели biostekhnè преку кој биолошката рационализација би можела да го субјективизира телото: истражувањето на животот би станало принцип на биотехнологијата за да се добие тело за себе, тело слично на себе. Индивидуацијата (Pichot, 1980; 1991) станала поважна од индивидуализмот.

Може ли да се тврди, а тоа да не биде конечно, дека живиот организам се служи со човечкиот субјект за во биотехнологиите да ја изрази својата регенеративна динамика, или дека современиот субјект ја користи материјата на живиот организам за да го достигне биотехнолошкото здравје?

Тоа ново тело–субјект има три својства: 1. Да го менува и подобрува здравјето покрај едно поспособно тело, усовршено во своите биотехнолошки функции за да ги намали природните недостатоци и пропаѓањето. 2. Субјектот станува учесник во своето биотехнолошко осамостојување, обликуваќи ги контурите и градбата на своето тело. 3. Создавањето нови биотехнолошки видови го модификува имагинарното во рамките на здравственото.

Телото-субјект ја дефинира сопственоста така што смислува нова градба и облици. Откако е измислена биомедицината  (Gaudilliere, 2002). Градбата на телото, откако е измислена биомедицината, може да се декомпонира, а потоа повторно да се компонира во многу виртуелни облици чие натамошно функционирање зависи од согласувањето на човековата имагинација со динамиката на живото.

Тоа ситнење на телото во рамките на молекуларната биологија може да има ист историски тек како квантната, а потоа и нуклеарната физика. Рашчленувањето на материјата ги открива законите на елементите, нивните меѓусебни врски и интеракцијата со природата. Описот на внатрешните својства ја редефинира логиката на живото со делување на биолошкото време во играта на можности (Jacob, 1981). Поимот генетска програма (Maurel и Miquel, 2001, стр.51) повеќе е телеономичен а помалку механички.

Нема сомнение дека дел од таа прилагодлива и случајна динамика на живото можел да биде одреден благодарение на развојната биологија (Le Douarin, 2000, погл.3) како плурипотентност, пластицитет и диференцијација. Со тоа поголема предност му  се дава на толкувањето на гените (Andrieu, 2001) отколку на генетското објаснување на однесувањето.

Фотографии: Yung Cheng Lin

Извор: „Le dictionnaire du corps“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото