Си спомнуваш

10.03.2021 13:48

Се сретнавме како сув корен и светкавица
како здивена присојница и синоочка
како пустинска жед и мајчино млеко
како грешно тело и нафора
како глас на кукавица со позлатен облак
како жолти лисја во око на ластовица.

Се сретнавме ли како љубов
или
како нељубов се сретнавме?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото