1018 hPa
38 %
30 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 12:59
На ивица на Старата Чаршија, до Дом на Занаетчии направиле див паркинг, абе не див, најдив на светот и си стојат батенца, си наплаќаат.
Менада си е претворена во грда слаткарница на три спрата, а на аголот до неа пршти донер.
Колективни молитви со преку 100 луѓе пред Џамија.
Важно муралот на албанското СК 2014 си стои и Скендербег е на дупли пиедестал.
Чаршијата не личи на ништо, секој пат кога ќе помине човек таа е поруинирана и џамахирисана.
Ќе ја правеа, ќе ја униформираа, тоа се гради насекаде, руина насекаде, општа депонија и хаос.
И Црквата во обид на Калето уште стои, чисто да ве потсетам.
Ивор Мицковски, Фејсбук, 04.03.21.