Како фикционалните мостови на европските банкноти станаа реални

11.03.2021 00:37
Како фикционалните мостови на европските банкноти станаа реални

Секој ден, милиони граѓани во еврозоната користат банкноти на кои, во зависност од износот, се претставени разни разнобојни, фикционални мостови. Но, дали се мостовите навистина фикционални?

Па, не повеќе. Уште од 2013, некогаш измислените мостови на евро-банкнотите постојат во Холандија.

Мостовите на банкнотите изворно биле дизајнирани во 2002 од страна на австрискиот дизајнер Роберт Калина, специјално наменети да се појават на евро валутите. Замислата била да претставуваат одредени периоди во европската културна историја. Прикажани на седумте различни евро-банкноти – 5€, 10€, 20€, 50€, 100€, 200€, и 500€ - тие ги илустрираат класичната антика, римскиот период, готскиот период, ренесансата, барокот и рококото, железната и стаклена архитектура, и конечно, современата архитектура на 20 век.

Бидејќи имало само седум банкноти а 19 држави во еврозната, прикажувањето на веќе постоечки мостови ќе претставувало фаворизирање на одредени земји пред други, па затоа било решено за фикционални мостови.

Но, потоа, холандскиот дизајнер Робин Стам помислил дека би било забавно да се направат реални.

Мостовите денес се позиционирани околу нов проект за домување именуван Хет Ланд во поранешниот центар за урбан развој на Спијкенисе. Секој од седумте мостови е верен на приказот на соодветните банкноти. Мостовите биле моделирани со техника на сипување обоен бетон во дрвени калапи.

На крајот, и на Европската централна банка ѝ се допаднала идејата и им пратила писмо во кое ја одобрувала нивната идеја.

Кај секој од мостовите е означена најдобрата локација за фотографија која одговара на перспективата на банкнотите.



























Извор: Atlas Obscura

ОкоБоли главаВицФото