Ковчег

11.03.2021 18:05

1

Заклопи го ковчегот
нема суво злато.
Го дадов за бела кочија
за здивени коњи.

Во ковчегот нема сребро
го дадов за високи кули
за ветрени скали.

Платното везено го префрлив
на девет реда галаби
на маглени сватови.

Љубовната белезица се отпетла
ми загина.

Ај замини!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото