3.745 маски

13.03.21 15:36

Насликани лица од античко време, цртани фигури, средновековни маски и сега сеприсутната N95 маска, вкупно 3745 на број маски го сочинуваат краткиот анимиран филм „Beyond Noh“ од Патрик Смит (Patrick Smith). Индивидуалните слики опфаќаат повеќе култури и временски периоди и се префрлаат од една до друга во хипнотизирачки ритам.

Децениски ентузијаст и колекционер на маски, Смит фотографирал три четвртини од прикажаните маски од архиви на музеи, галерии и неговата сопствена збирка, а преостанатиот сегмент се дело на луѓето од целиот свет. кои му испраќале фотографии. „За мене, маските се интересен начин за разбирање на човештвото. Ми се чини дека секоја култура во историјата на светот учествувала во некаква форма на правење маски, без разлика дали се работи за изведба, ритуал, протест или корисност “, вели режисерот.

Филмот учествувал на десетина филмски фестивали за краткометражни и анимирани филмови. 

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото