
Во мене нешто постојано ѕврцка
и нешто во срцето ме боцка,
ѕуни, ѕвони, ѕвечка, ѕвоцка,
некое тркалце, некоја коцка.
Во желудникот нешто ми крчка,
по стомакот нешто ми прчка,
небаре птиче трчка и цврчка -
а јас нејќам во мене да се ’рчка.
Ми чкрипи сè, до самото теме:
сум изел некое застојано време.
Препев: П. В.