1019 hPa
68 %
16 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 04:59
_177.jpg)
Француските архитекти Ан Лакатон и Жан-Филип Васал, основачи на студиото „Лакатон и Васал“, се добитници на годинашната Прицкерова награда, која е највисоко признание во архитектурата. Тие се познати по многубројните одржливи проекти за домување и галеријата за современа уметност „Палата Токио“ во Париз. Заедно реализирале повеќе од 30 проекти во Европа и Западна Африка.
Во 1987 година во Париз го основаат архитектонското биро „Lacaton & Vassal“ и оттогаш со смелост ги почнуваат нивните проекти на нови згради и трансформативните проекти. Повеќе од три децении тие проектираат приватни и социјални станови, културни и академски институции, јавен простор и урбанистички стратегии. Архитектурата на овој двоец е одраз на нивната посветеност и застапување на социјална правда и одржливост, со приоритет на давање предност на просторна дарежливост и слободата на користење, преку економични и еколошки материјали.
(895).jpg)
„Зградите се убави кога луѓето се чувствуваат добро во нив. Архитектурата не треба да биде наметлива, туку треба да биде корисна и убава и тивко да го поддржува животот што ќе се одвива во неа“, изјави Лакатон.
Соопштувајќи ги имињата на добитниците, Том Прицкер, претседателот на фондацијата „Хајат“, изјави дека приоритет на Лакатон и Васал секогаш бил да го збогатуваат човечкиот живот, што имало придобивки за поединецот и ја поддржувало еволуцијата на градовите.
(635).jpg)
(428).jpg)