Приказна за Човекот во црвено

17.03.2021 18:22
Приказна за Човекот во црвено

Сакате да ви покажам како некои приказни се живи и се користат со нас како со траекти? 

Ќе ви ја раскажам приказната за Човекот во црвено. 

Бил страшен, немилосрден и без срце. Суштество не баш од овој свет. Приказна-вампир, што живее во фантазијата на луѓето кои слушнале за него. Доволно е само еднаш да ја слушнете приказната за него и засекогаш ќе ви остане во главата, хранејќи се со вашите сеќавања. 

Скриен во наборите на вашата меморија, тој знае и привремено да се притаи. Има моменти кога не мислите на него, долго. И кога сево ова ќе ви изгледа смешно. 

Но потоа еден ден неговата неповикана контура ќе се појави кајшто не треба, стуткана меѓу вашите спомени од детството. Ќе сакате да го истерате, но ќе се врати перфидно, како гладен комарец... Или глупава а упорна мисла. 

Кога од вас ќе бараат „да не мислите на ништо“, често ќе мислите на Човекот во црвено. Кога од вас на шега ќе побараат да ги затворите очите, Човекот во црвено накратко ќе ви се појави. 

Повеќето од времето ќе го минува во заднината, но кај некои ќе тргне и потаму: ќе ги присвои нивните спомени и методично ќе ги засени. Ќе грабне одовде драга слика, одонде пријателско лице, како што се парчосува печено пиле. И од вашето сеќавање ќе останат само бледи партали. 

Ете, Човекот во црвено сега е во вашите глави.

Ви покажав како некои приказни се живи и се користат со нас како со траекти. И како можеби некои не треба понатаму да се пренесуваат.

Подготвил: П. Вулкански

Цртежи: John Kenn Mortensen

 

ОкоБоли главаВицФото