Љубомора во барата

17.03.2021 23:40
Љубомора во барата

 
ЉУБОМОРА ВО БАРАТА

Паторот Патко
ја виде патката Ратка
со друг како
по барата плови,
му се слоши, падна болен,
беше за нигде никаде,
ко да е шеќер солен.
На лекар отиде со трчаница,
овој го прегледуваше,
без брзаница
и тоа цел ден,
му рече: - Здрав си ко дрен.
Потоа ѕирна кон барата
ја виде патка Ратка
со друг во прошетка кратка,
се штрекна и рече гласно
оти се' ко ден му беше јасно:
-Здрав си, но да се признае мора
страдаш од т.н. паткина љубомора.
Затоа ќе ти препишам лек:
-Пречекај ја на другиот брег,
таа твоја патка Ратка,
и, како ништо да не било,
речи ѝ: -Ова што те гледам
е нешто, на цел свет- најмило.


Илустрација: Наташа Костовска

ЗНАЈ, ШО Е УБО ОВА ДА СЕ ЈАЈ

На плоштадот,
во центарот на градот,
овошјето и зарзаватот
решиле да се здружат
"уау" изложба прават,
на децата ќеф им пружат.
Блескаат бои, сјај до сјај,
и сѐ е ова од она што се
се вели: "Шубо е да се јај".
Од каде да се почне
првиот гриз, првиот гриц,
кога сѐ е прва лига,
сѐ е т.н. шпиц.
А само дедо Симе знае,
мудро раскажува, не трае,
колку родната нива,
и околната сивотија сива,
требаа да се потрудат,
да се, копат, дробат
и прилагодат,
за сето тоа да го родат.


Илустрациja: Алексеј Костовски

ЗМЕВСКО ГРЕЕЊЕ

Ех, во време дамно,
да ти е дома топло,
на фантазија било рамно.
Арно ама, еден змев
со добра душа и голем мев
решил да направи нешто
што невозможно не е -
луѓето со огнот свој
змевски да ги грее.
Е сега, навистина,
во греењето пробно,
две куќи пепел се сторија,
но змевот и луѓето за змевско
греење се изборија
И сега змевот целиоит е ќеф
кога, онака случајно ќе чуе:
- Баш е супер, и ние се грееме на змев.

 

ОкоБоли главаВицФото