Винтиџ сликовници: Патување на месечината

18.03.21 14:58

Прв пат објавена во Шведска, во 1926 година, сликовницата „Патувањето на Месечината на Карл“ е приказна за момче кое дува меур од сапуница кој ќе го однесе на средба со Човекот на Месечината.

Не можат да се најдат информации за писателката и илустраторка Маја Линдберг (Maja Lindberg), ниту пак има информации за нејзини други книги.

Сепак, постои американско издание на сликовницата, кое датира можеби од 1930 година. На англиски го превела Сири Ендрус (Siri Andrews).

Извор: 50watts.com