Стефоска ќе бара одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга за УНЕСКО

19.03.2021 19:18
Стефоска ќе бара одземање на на ингеренциите на општините Охрид и Струга за УНЕСКО

Очигледно дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, соопши денеска министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска откако почна да се урива ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989.

Министерката Стефоска кажа и дека во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.

Активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) побараа објектот да биде заштитен како споменик на културата, а Иницијативата беше испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство, а и лично до премиерот Зоран Заев. На 4.525 метри квадратни на просторот кај ресторанот и дискотеката „Парк“ во Охрид ќе се гради нов хотел, една година по истекот на важноста на градежната дозвола издадена во 2018 година. 

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото