Што можеме да направиме за да не ни се лутите дека постоиме?

19.03.2021 22:29

Мачно ми е ова понижување што ни го прави нашава политичка елита кога станува збор за однесувањето кон Бугарија. Знаете како ми изгледаат? Како некој што седи спроти соговорникот, крши прсти и се туфка – еве, кажете ни што можеме да направиме за да не ни се лутите дека постоиме. Од каде потребата постојано ние нешто да се правдаме, па да нудиме, како да сме виновни за нешто? Цело време како ние да сме кабает, па треба нешто да попуштиме. Како да им должиме нешто на Бугарите, па треба да им вратиме. И да внимаваме со изјавите, да газиме по јајца, да не случајно се навреди Екатерина Захариева.

Море, ај престанете со тоа подлизурковство. Не гледате ли дека колку што сме ние повнимателни, тие уште повеќе на глава ни се качуваат.

Горан Михајловски, СДК, 05.03.21.