
Краткиот филм на Николас Лихтл (Nicolas Lichtle) насловен „à la fin…“ е невообичаено етеричен приказ на кризата што достигна кулминација во 2020 година. Деликатната анимација тече низ низа сцени со бледи нијанси што ги истражуваат реакциите на Ковид-19.
„Се работи момент на интроспекција, многу интимна, исценирана низ редица мали моменти проткаени со поезија, апсурд и понекогаш надреализам…“, вели Лихтл.
Лицата на анонимните ликови се прекриени со растение, дигитален уред или маска од ткаенина, и тие преземаат секојдневни и бизарни задачи, со што се критикува современиот живот.Извор: thisiscolossal.com